Get Adobe Flash player

Училиштето одржува курсеви за возрасни и деца

  • Англиски јазик
  • Германски јазик
  • Италијански јазик (од 16 год. нагоре)
  • Шпански јазик (од 16 год. нагоре)
  • Албански
  • Турски
  • Mакедонски за странци

Вршиме подготовка за TOEFL и IELTS сертификат.

 

Курсевите започнуваат со настава од 15-ти септември а запишувањето започнува од 1-ви септември.

Курсевите за возрасни траат 4 месеци.Слушателите доаѓаат 2 пати неделно по 90 мин. Цената е 1200 ден. месечно.На крајот на секој степен се полага завршен тест и се добива диплома.

Бројот на слушатели во една група е од 5-10 слушатели.

За оние кои не можат да се вклопат во група одржуваме и индивидуални часови.

  • 400 ден. - 60 мин.
  • 600 ден. - 90 мин.

 

Што се однесува до цените нудиме и попусти.
Двајца членови од исто семејство плаќаат 100 ден. пониска месечна рата, или ако слушателот посетува два курса и за него важи истиот попуст.

 

Професорите вработени во училиштето се со долгогодишно професионално искуство.

  

Условите за одржување на часовите се беспрекорни, со одлично опремени училници надополнето со видео и аудио презентирање на наставата. Работиме по најсовремени програми, според европските стандарди. Часовите се надополнети со креативна, интерактивна настава, во мошне пријатна средина.



Учете странски јазици по добро проверени методи.